ВМРО-НП: Неопходна е итна, темелна и сеопфатна реформа на казнената политика во Р.Македонија

Од:

„ВМРО-Народна партија повторно укажува на неопходноста од итна, темелна и сеопфатна реформа на казнената политика во Р.Македонија. Она што денес го имаме како судска пракса во донесувањето на несоодветни пресуди во однос на степенот на кривичната одговорност, изгледа застрашувачки во споредба дури и со најнедемократските и најнецивилизирани општества. Ваквите казни не ја исполнуваат основната цел за ресоцијализација, напротив, со нивната ригорозност не само што ги загрозуваат човековите права и слободи, туку и немилосрдно го уништуваат духот на оној кој се огрешил пред законот, а истовремено и спокојството и интегритетот на неговото семејство.

ВМРО-Народна партија предлага, сериозно ублажување на висината на судските казни, што ќе произлезе, од прилагодувањето на нашето законодавство во областа на санкционирањето и казнената политика, со законодавствата од земјите членки на Европската Унија, пред се со Англија, Германија или Франција.

Со новиот закон за казнена политика, нејнехуманата мерка притвор да се применува само за најтешки кривични дела, а што е можно повеќе, таа да се заменува со далеку поблаги мерки на обезбедување, како што се одземање на лични исправи, куќен притвор и најшироко применетата мерка во светот, можност за кауција, со што, се подразбира бранењето да биде од слобода. Со ова, ќе се избегне досегашната пракса судиите да ја изрекуваат мерката притвор автоматски, по налог на полицијата. Контраверзните казни кои кај нас се изрекуваат во висина од 10, 12 или 15 години, да се заменат со прекршочни, условни или минимални казни како што се применуваат во горе споменатите земји, а се однесуваат за исти кривични дела. Од хуман аспект, во новиот закон да се предвиди издржувањето на казната да биде заменет со куќен затвор. Исто така, заради заштеда на средства да се озакони откупот на казната во висина до 3 години и од истите причини да се предвиди институција општествено корисна работа во замена на издржувањето на казната во затвор, за дела за кој се предвидуваат поблаги казни.

ВМРО-Народна партија смета дека ова ќе биде значаен чекор во исполнувањето на забелешките и препораките од ЕУ, во областа на законодавството“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска