„Со оглед на тоа дека се приближува периодот кога се сеќаваме на 29 февруари, ВМРО-Народна партија сака да стави акцент на големата победа кога во заедничка борба на Третата македонска ударна бригада и бугарскиот партизански баталјон „Христо Ботев“ на реката Пчиња го разбија Вардарскиот четнички корпус“, вели ВМРО-Народна партија.
„Непобитни се фактите дека македонското четничко движење до есента 1943 година било многу побројно отколку партизанското движење. Погледнувањето на голите факти дека во август 1943 година кога партизаните го формираат својот прв баталјон, македонските четници имаат цел корпус составен од четири бригади.
Затоа ВМРО-Народна партија, по примерот како во соседна Србија каде четничкото движење е прогласено за антифашистичко и комплетно рехабилитирано, покренува иницијатива да исто така македонските четници од Вардарскиот четнички копрус ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти во нашата Македонија.
Несомнено после 1945 година македонските четници добро беа распоредени во институциите на македонската држава, а вака барем ќе дознаеме транспарентно кои се тие личности кои тогаш управувале со Македонија.
Оваа рехабилитација на четничкото движење исто така убаво ќе се вклопи и во главните процеси кои денеска културно – политички и историски го формираат македонското јавно мислење“, се додава во соопштението на ВМРО-Народна партија.