ВМРО-НП: Македонската влада да влезе во преговори за купување дронови од Турција

Од:

„Од војната меѓу Украина и Русија гледаме дека дроновите се покажаа како многу ефикасно оружје за напад но и за одбрана на сопствената територија.

Денеска од средбата меѓу турскиот претседател г-динот Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама дознавме дека веќе и Албанија купила од ова моќно турско оружје наречено „Бајрактар“ а веќе е и најавено дека и Косово ќе купи од истите тие дронови“, велат од ВМРО-НП.

„ВМРО-Народна партија ја повикува Владата на Северна Македонија, а посебно и министерството за одбрана во догледно време исто така да влезе во преговори со нашиот турски пријател за купување на соодветна количина на дронови.

Не гледаме причина зошто овие наши два соседи да поседуваат такво оружје, а македонската одбрана да биде надвор од тој процес“, се додава во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Остро се спротивставуваме на иницијативата за увоз на отпад за согорување како алтернативно гориво

Ана Ололовска

ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во С. Македонија

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поддржуваме промена на Уставот

Ана Ололовска