ВМРО-НП: Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец да ги заокружи стратешките заложби

Од:

ВМРО-Народна партија во овие тешки моменти за Македонија им ја честита издржливоста но и упорноста на нацијата да истрае во напорите да излезе како победник од предизвиците со кои се соочува години наназад.

„Можеме слободно да заклучиме дека во овие тешки моменти Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец уште од осамостојувањето односно да ги заокружи стратешките заложби за нејзина Европска и НАТО интеграција.

Жртвата која нацијата ја поднесе за да дојде до реализација на овие стратешки цели е преголема па затоа оваа голема победа ја посветуваме токму на македонскиот народ, на сите оние кои придонесоа за нејзино насочување на патот до интеграциите но и на сите кои го дадоа животот за таа да биде суверена и уште посилна во иднина.

Веќе денеска мораме да се насочиме кон борбата против кризата со која се соочуваме и со што помалку последици да извојуваме победа и во оваа и не така мала битка, за да од утре се концентрираме на предизвиците и реформите кои ги носи токму процесот на пристапување во Европската унија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска