ВМРО-НП: Квази-патриотите се поклонија пред окупаторите на сопствениот народ

Од:

ВМРО Народна партија денеска реагираше на вчерашната прослава на Зебрњак во Кумановско, кога висока делегација од Србија се поклони пред спомен одбележјето, а со тоа според Народна, Македонија била единствената земја во историјата која си ја прославува сопствената окупација.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО Народна партија со голем восхит и воодушевување ја поздравува вчерашната прослава на Зебрењак, по повод  сто годишнината од окупацијата на Македонија од страна на Србија. Навистина е оригинална идејата која не можеме да ја сретнеме во ниту една друга историја, еден народ на ваков величенствен начин да си ја прославува сопствената окупација.

– Концептот на владата на ВМРО ДПМНЕ за Македонската историја е единствен и неповторлив.

– Грубата манипулација дека владата не учествува во одбележувањето на настанот беше целосно разоткриена од изјавата на премиерот Дачиќ, кој призна дека настанот е организиран заедно со македонската влада, и изрази голема благодарност. За возврат, ВМРО ДПМНЕ испрати свои високи претставници -министри да учествуваат на прославата.

– Се прашуваме како на никој до сега во Македонија не му текна дека ова е голем ден за нас Македонците.

– И левицата и десницата во идеолошкото ВМРО имаа единствен став по ова прашање. И комунистичките историографи кои беа докажани југословени и по дифолт просрбски ориентирани, плашејки се од гневот на народот ниту еднаш не се одважија да го одбележат овој настан.

– Ги охрабруваме квази ВМРО-вците од ВМРО ДПМНЕ во духот на нивната преродба да го реновираат и возобноват и самиот споменик на Зебрењак, кој во време на Кралска Југославија бил највисок споменик со 48 м. висина. Само со ваква грандиозна височина може да се спореди срамот, малодушноста и превртливоста кон сите македонски идеали од страна на  денешното ДПМНЕ“, изјави Ване Цветанов од ВМРО Народна партија

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП предлага: На прославите на Илинден во Крушево да нема политички говори

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Јасно е дека Бугарија има дозволено на ЕУ со нас да комуницира на македонски јазик што е огромна победа

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Во „францускиот предлог“ нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија

Ана Ололовска

ВМРО-Народна: Да се поведе постапка за забрана на партиите кои се повикуваат на Ванчо Михајлов

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Земјите на ЕУ прифаќајќи ги санкциите кон Русија добиваат пристап кон разни фондови на Унијата, Владата да го отвори ова прашање на состанокот со Борел

Ана Ололовска