„Како што се приближуваат локалните избори, владеачката партија се повеќе е во паника. Посебно функционерите на ДПМНЕ во Охрид. Неможноста да го освојат Охрид осум години, и нискиот рејтинг на локално ниво, ги наведува на некои комунистички и недемократски активности“, велат од ВМРО-НП.
„Во последниов период, според нашите информации, претседателите на месните комитети на ДПМНЕ во Охрид добиле наредба да соберат што е можно повеќе пристапници од ажурирањето на членството. Меѓутоа, оваа акција немала баш добар тек. Тругнувајќи од слабиот одзив при ажурирањето на членството, функционерите на ДПМНЕ започнале да одат во домовите на граѓаните во вечерните часови и со еден вид присила ги условуваат
да се потпишат како нивни членови.
– Ги повикуваме граѓаните на Охрид, доколку не можат да го издржат притисокот на владеачката партија поради одредени причини, слободно нека се потпишат како нивни членови, но на денот на изборите кога ќе се соочат со гласачкото ливче да ги казнат и да ги испратат во историјата. Наредната власт никого нема да казнува затоа што бил член на ДПМНЕ или бил нивни поддржувач. Во Македонија мора, што побрзо, да се врати
демократијата која е главниот предуслов за подобар живот.
– Комунистичкиот стил на владеење на ДПМНЕ е нивна одлика уште од доаѓањето на власт во 2006 година. Со своите постапки, тие ги надминаа многу екстремни комунистички системи. Дали идолот на ДПМНЕ е Слободан Милошевиќ?! Дали во ДПМНЕ премногу ги гледаат документарните филмови за Милошевиќ и од таму ја добиваат инспирацијата за своите постапки?! Многу добро знаеме низ историјата како завршиле партиите со постапки како нивните. Локалните избори ќе бидат почеток на падот на режимот на Никола Груевски. Македонија мора да живее подобро“, се вели во соопштението на ВМРО Народна.