ВМРО-НП: Јасно е дека Бугарија има дозволено на ЕУ со нас да комуницира на македонски јазик што е огромна победа

Од:

„Во Република Северна Македонија очигледно постојано се рециклираат силите кои сакаат да го запрат патот кон европската интеграција.

Најновата хистерија повторно го врати македонскиот јазик на прво место и покрај тоа што е кристално јасно дека за цела Европска Унија и за цел Свет веќе македонскиот јазик е чист и непроблематизиран“, велат од ВМРО-НП.

„Факт е дека Република Бугарија за да излезе од спорот и дала зелено светло на Европската Унија да го прифати македонскиот јазик со тоа што таа останува на своите позиции дека за неа тоа се бугарски дијалекти.

Но повторно ќе нагласиме, јасно е дека таа има дозволено на ЕУ со нас да комуницира на македонски јазик што може да се смета за огромна победа и успех во одбраната на македонскиот јазик како идентитетско прашање со оглед на аргументите и доказите со кои располага бугарската наука.

Впрочем колку е голема нашата победа, ја повикуваме македонската академија на науки и уметности конечно еднаш во Македонија, во оригинал и во фототипни изданија да ги објави делата на браќата Миладинови, Кузман Шапкарев, Партение Зографски, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, на Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Теодосиј Синатиски и да не ги редиме сите преродбеници.

Самиот факт што најголемиот број од нивните дела досега не се објавени во оригинал во нашата држава зборува многу и повторно сакаме да кажеме токму заради тоа сметаме дека победата на македонскиот јазик е голема во овој момент“, соопштува ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Македонските четници од Вардарскиот четнички копрус да ги признаеме и рехабилитираме како антифашисти

Ана Ололовска