А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-НП: Ги поддржуваме мерките, но одлуката за полициски час од 16:00 има одредени слабости

by А1он08/04/2020 - 12:57382
Share0

ВМРО-Народна партија вели дека во принцип ги поддржува заложбите за порестриктивни мерки во борбата со корона вирусот – КОВИД-19, но во исто време и го задржува правото да биде критична за што поуспешно справување и остварување на заедничката цел.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Сметаме дека одлуката за уште порестриктивен полициски час кој ќе почнува од 16:00 часот си има одредени слабости:

Прво, во контекст на борбата, скратувајќи го времето на граѓаните да можат да ги извршуваат своите елементарни обврски (банка, маректи, аптека) се создаваат поголеми метежи, а на тој начин се отвора поголема опасност од ширење на заразата.

Второ, економскиот, а воедно и општествениот живот во државата каде времето е многу нерационално избрано, така што за огромен број на работни луѓе ќе мора да се кратат смени и работното време, а да не зборуваме каков удар ќе биде тоа за земјоделците и сточарите чија работа воопшто не зависи од работно време“, велат од ВМРО-НП.

Следете a1on на Youtube YouTube

„За жал мораме да констатираме дека и покрај досегашните рестриктивни мерки, какви-такви, автобусите на јавните превозници но и халите на фабриките се преполни со луѓе и работници.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16:00 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе но дека сигурно ќе може да го наруши основниот економски ритам на животот.

ВМРО-Народна партија ја обновува својата идеја дека е подобро да запре функционирањето на целата држава во рок од две недели со работа, па ако треба истата мерка да се продолжи за една недела тотален карантин, со што сигурно би имало поголем ефект отколку сегашната рестриктивна мерка“, соопштуваат од ВМРО-НП.

vmro-np

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП до Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град

А1он24/07/2025 - 20:32

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

ВМРО-НП: Македонија да се вклучи во транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“

Горан Наумовски25/12/2024 - 11:24

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Катерина Ѓуровски27/09/2024 - 11:50

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он01/07/2023 - 09:5001/07/2023 - 09:53

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска11/04/2023 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео