ВМРО НП бара една изборна единица

Од:

„ВМРО-Народна партија го поздравува одговорниот приод и јасно изразената спремност на четирите политички партии, за придржување кон договорот од 2. Јуни, потпишан со посредство на ЕУ и САД и негово целосно имплементирање, што гарантира успешно разрешување на политичката криза.

Го изразуваме нашето задоволство што во овој документ се содржани повеќе наши конструктивни предлози и ставови и убедени сме дека ова ќе обезбеди фер и демократски избори, а со дополнување на одредени законски решенија, ќе се доизгради системот со што ќе се овозможи широка демократизација на општеството.

Меѓутоа, за успешно реализирање на овој проект, неопходно е и вклучување на помалите политички партии со почитување на нивните мислења и предлози, наспроти досегашната пракса на ексклузивитет на двете најголеми партии, сами да донесуваат одлуки од исклучително значење, а што се однесуваат на сите граѓани“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

„Во таа насока, ги реафирмираме нашите повеќе пати изнесени ставови за Р.Македонија да биде една изборна единица, без поставување на било каков однапред утврден квалификациски праг, зашто имаме јавно искажана подршка од повеќе политички партии

Исто така, бараме измена на Законот за финансирање на политичките партии, со кој ќе се обезбеди финансиска независност на партиите во нивното функционирање. За таа цел, предлагаме 0,3 проценти од буџетот на РМ да се издвојува за редовно годишно работење на партиите, а во делот за распределба на средствата од изборните резултати, единствен критериум да биде бројот на освоени гласови на изборите.

Рамноправната медиумска застапеност на политичките партии е главен предуслов за демократско претставување и изјаснување на партиите пред граѓаните и затоа предлагаме, допрецизирање на законските одредби од Изборниот законик, со што ќе се елиминира различното толкување од страна на јавниот сервис и ќе се постигне посакуваната правична застапеност во медиумите.

ВМРО-Народна партија смета дека на ваков начин се отвара широка можност за самостојно учество на помалите политички партии на избори, со што ќе се допринесе за поразновиден политички состав на Собранието на РМ“, пишува во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска