ВМРО-НП: Генерал Стојков призна дека на ВМРО-ДПМНЕ му подарил наши 60.000 гласови

Од:

ВМРО – Народна партија е длабоко загрижена од добиеното сознание за реакцијата на генерал Горан Стојков што ја упатил до владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ за време на изрекување на пресудите во врска со аферата „Шпион“.

Тој меѓудругото истакнал дека е лично заслужен што успеал да пренасочи 60.000 гласови од ВМРО – Народна партија во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО – Народна партија нема да се расправа за бројки, туку жестоко реагира на чинот, како воопшто е можно една политичка партија на власт, најбрутално да се впушти во ограбување на гласовите на друга политичка партија , во конкретниов случај ВМРО-Народна партија. Крајно резигнирани и зачудени од ваквата постапка, прашуваме зошто сите овие негативни дејства посебно се насочени против нашата партија? Дали заради тоа што ВМРО – Народна партија е чувар и крепител на изворната идеологија , начела и принципи на историското ВМРО. Или можеби пак, заради тоа што ВМРО –Народна партија се профилира и е препознатлива дома и пред меѓународната јавност како единствена политичка партија со јасни ставови и конкретни предлози за разрешување на сите проблеми кои го попречуваат нашиот влез во евроатлантските интеграции и демократскиот развој на државата.

ВМРО – Народна партија, заради овие застрашувачки сознанија кои до темел ги загрозуваат демократските процеси во Р.Македонија, бара итно да реагираат сите надлежни институции во Р.Македонија за докажување на вистината и истовремено да ја информираат јавноста. Во спротивно, премолчувањето на овој скандал ќе предизвика уште поголеми сомнежи во регуларноста на секои наредни спроведени избори од оваа власт. На вакви контраверзни избори се доведува во прашање легитимноста на освоената власт со што се нарушува и меѓународниот углед на Р.Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска