„Откако целосно го уништија здравството во Охрид, откако оставија над 50 000 охриѓани без здравствена заштита, сега владеачката партија не секаков можен начин сака да го задуши штрајкот на лекарите. Тоа е главата карактеристика која ДПМНЕ ја покажа пред јавноста, својот диктаторски и недемократски стил на владеење.
– ВМРО – Народна партија енергично го поддржува штрајкот на лекарите во Охрид и во Република Македонија и има целосно разбирање за нивните праведни барања. Ги охрабруваме докторите и останатиот медицински персонал го крај да издржат во своите барања и да не подлегнуваат на притисоците од режимот на Груевски.
– ВМРО – Народна партија јавно го повикува режимот да престане цинично да се однесува и да ја омаловажува докторската фела, зошто на таков начин го урива еден од столбовите на Република Македонија. Ние, како политички субјект, секогаш ќе го штитиме дигнитетот на докторската професија и секогаш сме на ставот дека само задоволни доктори, без никакви режимски притисоци, ќе генерираат квалитетно здравство, висок здравствен стандард и задоволни пациенти“, велат од ВМРО – Народна партија – Охрид.