ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Спасовски му дадоа полициско обезбедување и возила со флешери на криминалецот Седат Пекер?

Од:

„Турскиот наркобос Седат Пекер, на кој од страна на Заев му беше дадено полициско обезбедување и придружба со возила на МВР со флешери кажа дека бил и кај Зоран Заев дома.

Што барал Седат Пекер кај Зоран Заев дома и за што разговарале?

Ако Пекер е криминалец за СДСМ денес, тогаш зошто на истиот тој криминалец му дадоа полициско обезбедување и третман на државник“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто тој криминалец го примаа во нивните домови и со почести беше пречекуван од нивните функционери?

Каква работа имаше СДСМ и Зоран Заев со криминалецот Седат Пекер кој три месеци престојуваше во Македонија?

Со што го задолжил Пекер Заев и Спасовски, кои кога притисокот станал преголем наместо да го протераат во Турција каде се баеа со потерница го протерале во Косово и дефакто го заштитиле од одговорност?

СДСМ криминална и Заев да одговорат. Од одговорност нема да избегаат. Бродот тоне“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски