ВМРО-ДПМНЕ: Зошто МВР и УЈП молчат за долгот на СДСМ?

Од:

„СДСМ наместо да ги злоупотребува институциите за партиска пресметка да каже зошто се уште им е неподмирен долгот од 2.5 милиони денари од претседателската кампања на Стево Пендаровски и зошто институциите не смеат да зборуваат за тоа.

Зошто МВР и УЈП молчат за долгот на СДСМ!?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски и Сања Лукаревска го кријат долгот на СДСМ и непостапуваат.

СДСМ го надмина дозволеното салдо и го пречекори лимитот на финансирање. Но, затоа институциите се глуви.

Долгот кој ВМРО-ДПМНЕ го имала кон една од фирмите со кои соработувала во кампања е регулиран, склучен е договор за исплата на долгот и веќе е отпочнат процес на исплаќање. Долгот е во рамки на дозволеното салдо и сите законски норми се запазени.

Очекуваме МВР на Спасовски и УЈП на Лукаревска да се охрабрат и да го истражат случајот со долгот на СДСМ, но и да поведат соодветна постапка пред органите на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела