ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Битиќи чувал класифицирани документи дома во сеф?

Од:

Филипче е континуитет во начинот на практикување на политиката на Заев, а екс вицепремиерот Фатмир Битиќи олицетворение на таа пракса. Дали во СДС е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Битиќи да одговори на јавноста за какви класифицирани документи станува збор, како се нашле во неговиот домашен сеф, поради кои причини ги поседува и за што би му послужиле истите?

Дали поседува сертификат, бидејќи класифицирани документи добиени од кој и да е орган не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат. Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот? Со оглед на тоа дека државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени, ги повикуваме СДС и Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на информации станува збор. Битиќи не смеел такви документи да поседува во својот домашен сеф. Колку закони прекршил Битиќи? Го повикуваме ЈО да поведе постапка и да го истражи случајот со украдените документи. Одговорност мора да има, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?