ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Љупчо Николовски три години ја уништуваат економијата

Од:

Зоран Заев и Љупчо Николовски три години ја уништуваат економијата, резултатот од тоа е видлив денес во август 2019 во споредба со август 2018 година прометот во индустријата е намален за 6.6%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Кога индустријата оди надолу, оди надолу и економијата, доказ за тоа е и падот на работници во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година за 2.5% или на 100.000 работници имаме 2.500 работници помалку.

Кога економијата тоне заради неспособноста на власта, зголемените даноци и давачки, зголемената акциза, криминалот и корупцијата државата тоне.

Покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално. Додека власта на хартија ја зголемува минималната плата во реалноста работниците ги враќаат парите на рака на газдите.

Нивото на капитални инвестиции е катастрофално ниско. За цели осум месеци од годината се реализирани само 28% од годишно предвидените
инвестиции. И додека инвестиции нема, задолжувањето рапидно расте. Јавниот долг за првпат во историјата е над 5 милијарди евра.

Македонија има потреба од нови мерки и проекти кои ќе ја придвижат економијата напред. Македонија има потреба од реален развој. Со СДСМ тоа не е можно.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ