(ВИДЕО) Николовски: Ја зголемуваме минималната плата на 14.500 денари, концептот парите кај граѓаните е прав пат

Од:

„Политиките на СДСМ кои обезбедуваат раст на платите и повеќе пари кај граѓаните се на прав пат. Ова се нашите ветувања од 2016 година.

Како што ветивме пред граѓаните минималната плата повторно, согласно нашата промена се зголемува, овојпат на историски највисоки 14.500 денари.

Тоа е зголемување за нови 2.000 денари, значително повеќе од досегашните 12.500 денари.

Ние враќаме пари кај граѓаните, кај работниците, наместо за споменици и жални врби како што тоа се правеше повеќе од 10 години.

Кога во 2017 ја добивме одговорноста да управуваме со државата и со процесите, иако минималната плата изнесуваше 10.800 денари, во текстилната и кожарската индустрија, каде што работат голем број работници, платата беше едвај 9.000 денари“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Таа социјална, работничка неправда започнавме да ја исправиме, ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари и таа важеше за сите работници, во сите сектори, во сите индустрии, без исклучок.

Со законското усогласување годинава таа порасна на 12.507 денари. А, со последната одлука минималната плата ќе изнесува 14.500 денари.

Тоа се 2.000 илјади денари повеќе за работниците секој месец, односно 24.000 денари повеќе годишно. Се грижиме за работниците, го цениме и го вреднуваме нивниот труд.

Тоа е прав пат! Споредбено со претходниот минимум во индустриите за кожа, текстил и чевли кој изнесуваше 9.000 денари, со новото покачување минималната плата во овие индустрии се зголемува за 5.500 денари, односно над 60 отсто.

Дополнително, би истакнал дека со ова новото покачување, Република Северна Македонија има највисока минимална плата во регионот на Западен Балкан, односно имаме поголема минимална плата споредено со Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Растот на минималната плата се темели на реални економски параметри со што обезбедуваме повеќе пари во семејствата, но и поттикнуваме дополнителен раст на останатите плати и спирала на континуирано зголемување на просечната плата во државата, што и се случува.

Концептот на повеќе пари кај граѓаните е суштински и дава реални, видливи резултати.

За нас, секој човек, секој работник е важен!

Како одговорна партија остануваме посветени на политиките што обезбедуваат економски раст, поголеми плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Остануваме, со сите политики, на правиот пат“, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК