ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ја злоупотребува својата позиција и доверба

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска обвини дека градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ја злоупотребува својата позиција и доверба од граѓаните со сомнителни зделки и огромни суми пари за уредување и поплочување на една улица.

Јордан Ристевски, советник од Општина Центар, на прес-конференцијата посочи и на проектите што во изминатите години ги реализира во Општина Центар.

– Изградени се пет катни гаражи, нов плоштад Мајка Тереза, Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот Крст, во соработка со Град Скопје се реконструирани и се проширени булеварите „Илинден“, „Климент Охридски“, „Теодосиј Гологанов“ заедно со кружниот тек, изграден е булеварот „Јордан Мијалков“, извршена е санација на основните училишта „Кирил и Методиј“, „Песталоци“, „Димитар Миладинов“, „Кочо Рацин“, изјави Јордан Ристевски, советник од Општина Центар.

Потсети дека се изградени спортски сали во училиштата „11-ти Октомври“ и во рамките на Факултетот за физичка култура, а во тек на градба се салата во Св. Кирил и Методиј, како и во Домот за деца без родители 11-ти октомври во Капиштец.

– Во финална фаза е проектот Скопје 2014 година. Инвестициите во споменици не беа со пари од буџетот на Општина Центар. Владата ги обезбеди парите од централниот буџет. Жерновски бесрамно лаже дека Општината трошела пари за споменици. Општината само ги инвестираше парите во намена која ја определи Владата, бидејќи таа ги обезбеди парите, рече Ристевски.

Жерновски, според него, ја злоупотребува својата позиција и доверба од граѓаните со сомнителни зделки и огромни суми пари за уредување и поплочување на една улица.

– Факт е дека Жерновски потроши огромна сума пари, дури 2.629 евра за секој еден метар како тоа да се златни плочки, а не поплочен бехатон. Жерновски не може и не смее да избега од сериозниот сомнеж за криминал и корупција за овој случај, рече Ристевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања