ВМРО-ДПМНЕ: Зечевиќ од три општини со кои владееше СДСМ за адвокатски услуги инкасирал 30.000 евра за три години

Од:

Зечевиќ од три општини со кои владееше СДСМ за адвокатски услуги инкасирал 30.000 евра за три години.Во период од 2019 до 2021 година Миле Зечевиќ само од општините Неготино, Пробиштип и Град Скопје инкасирал 30.000 евра велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Колку други тендери или договори со јавни претпријатија и државни институции склучил Зечевиќ како адвокат? И како Зечевиќ и неколку луѓе од СДСМ ги добивале сите договори и работи од институциите со кои управувале луѓе од СДСМ. Ист пример како со Зечевиќ е и со адвокатското друштво на Снежана Калевска Ванчева, која за адвокатски услуги инкасирала над 55.000 евра. Целата паника во СДСМ, каде Зечевиќ е генерален секретар е токму затоа што ја немаат апсолутната власт во општините и не можат да земаат тендери и да се гоштеваат по кафеани на сметка на народот. Затоа се и сите неосновани напади кон градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што го оневозможија нивниот криминал и арамилук, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски