ВМРО-ДПМНЕ: Зебрњак не треба да го прославуваат Македонците, министерката Канчевска присуствуваше од почит кон Србија

Од:

Прославата кај споменикот Зебрњак е прослава на Република Србија, по повод 100 годишнината од победата на Србија над Османлиското царство. Владата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не го смета овој чин за симбол, кој со било што треба да го прославуваат Македонцитее“.

Вака реагира ВМРО-ДПМНЕ по прославата на 100 години од српкиот триумф над Турците, а на која во друштво со целиот државен и воен врв на Србија и Република Српска присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канчевска.

Од партијата на власта го правдаат присуството на министерката за култура и потенцираат дека македонската влада единствено се согласила српската Влада достоинствено да го прослави овој, за нив историски чин, на местото на битката кое денес е територија на Македонија, и тоа поради две причини.

Првата е што „прославата на српската Влада кај споменикот Зебрњак е во европскиот дух за градење на добрососедски односи со сите соседи, вклучително и со Србија. Само во тој контекст, како почит кон нашиот сосед и градењето добри односи, може да се сфати присуството на македонски политичари на настанот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Второ, со овој чин Р. Македонија покажува јасна динстинкција во однос на СПЦ и некои структури кои во минатото ја подржуваа, а која не дозволуваше влез во манастирот Прохот Пчињски на македонската делегација, со цел одбележување на асномски Илинден, во просторијата каде што се одржал. Тоа што го прави СПЦ е пример како не треба, а тоа што го прави Р. Македонија е пример како треба да се гради заедничката европска иднина“, пишуваат од партијата на власт.

На крај, во соопштението се наведува дека “ВМРО се бореше и против Османлиското ропство, но и против новите владетели кои победија кај Зебрњак. Таквата борба на ВМРО конечно се круниса преку заседанието на АСНОМ и преку референдумот за независност на 8-ми септември 1991 година, кога се оствари сонот за слободна, независна и самостојна Македонија. Но денес сме 21 век и Македонија како слободна и независна држава има пријателски односи и гради соработка и со Република Турција и со Република Србија“.

Би можело да ве интересира

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал