ВМРО-ДПМНЕ застана зад Данела Арсовска во битката за Скопје

Од:

ВМРО-ДПМНЕ застанува зад кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје на локалните избори кое ќе се одржат во октомври. Ова го соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски по денешните седници за Централниот и на Извршниот комитет.

„На Скопје му е потребен менаџер на градот, личност кој ке ги обедини најспособните и ќе влее надеж. Во овој случај имавме превид дека треба да се избере решение кое ќе обединува и кое ке обедини професионалци и истручни лица. Затоа ВМРО-ДПМНЕ застанува зад идната градоначалничка на Скопје. Таа има импресива биографија“ – рече Мицкоски.

Данела Арсовска во петокот информираше дека ги собрала потписите за кандидатура за градоначалничка на Скопје. Таа утрово се сретна и со претставници на Алијанса на Албанците и Алтернатива, партиите со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во коалиција на претстојните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги соопшти одлуките и за уште десет кандидати за градоначалници кои биле донесени денеска.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче