ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на здравствените власти изминатата недела починаа над 180 наши сограѓани

Од:

Неспособноста на власта да се справува со пандемијата вчера одзеде уште 24 животи и скоро 2.000 нови позитивни случаи од КОВИД-19. Изминатата недела во Македонија починаа над 180 наши сограѓани заради неодговорноста на оваа неспособна власт велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште од самиот почеток на пандемијата сите мерки кои беа донесени од страна на власта беа задоцнети и не дадоа никаков резултат во превенирање на ширењето на заразата, а со тоа се покажа дека здравствените власти немаат никаква стратегија ниту капацитет да ги заштитат граѓаните од корона вирусот. Во моментот во државата има скоро 20 илјади активни случаи на корона вирус или колку еден поголем град во Македонија и над 8.300 починати како последица на КОВИД- 19. Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус