ВМРО-ДПМНЕ закажа протест за 18 јуни во Скопје

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да се организира голем сенароден протест во Скопје закажан за 18 јуни. Тимчо Муцунски, потпретседател на партијата вели дека има отсуство за демократски капацитет на Владата. На прес-конференцијата не беа споделени детали каде ќе се одржи протестот и за колку часот е закажан. Според Муцунски, Владата не знае да реагира и да ги решава кризите.

„Се согласивме од неопходност за организирање на голем народен протест на 18 јуни. Извршниот комитет одлучи да продолжи активната блокада во Собранието, а ја оставаме отворена вратата за дополнителни чекори. Остануваме со подадена рака за напатениот народ. Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Основата причина за одлуката е отсуството на било каква подготвеност на премиерот за вообичаен политички дијалог со опозицијата“, рече потпретседателот Тимчо Муцунски.

Тој додаде дека не се исклучува можноста за дополнителни чекори.

„Владата не покажа способност за соочување со финансиската криза која го собори стандардот на граѓаните, јавниот долг се зголеми, странските инвестиции се на ниско ниво, неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни условите за преговори со ЕУ. Реформите на партизираната и неефикасната администрација се во целосен застој, нетранспарентноста и високиот степен на корупција се суштинска пречка за враќање на довербата на граѓаните во институциите“, додаде Муцунски.

Тој ги спомена и инцидентите како автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово, автобуската несреќа во Бугарија за кои посочи дека нема никаков вид одговорност.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис