ВМРО-ДПМНЕ: Загадувањето две години е намалено заради рестрикциите за движење во ек на пандемија, а не поради Шилегов

Од:

„Загадувањето две години е намалено заради рестрикциите за движење во ек на пандемија, а не поради Шилегов. Две години немаме зголемено загадување затоа што цело зиме за време на викенд имаше карантин, додека после 17 часот во поголемиот број од тој период имаше полициски час и забрана за движење“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Петре Шилегов.

„Шилегов не направи ништо за животната средина. Наместо нови дрвореди и нови зелени површини, Шилегов и градоначалниците од СДСМ сечат дрва за да им се гледаат билбордите во кампања, а пред тоа го исекоа дрворедот на Орце Николов, се сечеа дрва во Аеродром и низ сите скопски општини.

Мерката за инвертер клими беше мерка со која Шилегов даде субвенции по партиски клуч, наместо во приградските населби каде имаат греење на тврди горива субвенции се дела на семејства во центарот на Скопје.

Шилегов бема проекти. Наспроти Шилегов ВМРО-ДПМНЕ има план за по зелено и почисто Скопје“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски