ВМРО-ДПМНЕ: Заев за две години власт освен крадење ништо друго не стори

Од:

Заев откако стана премиер единствено се фали со проекти на ВМРО- ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Капиталните инвестиции се на најниско ниво во историјата на Република Македонија. Неспособноста на Заев оди до таму што не може да ги заврши проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а тешко му оди и пуштањето во употреба на готовите проекти кои им ги остави владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ па одолговлекува.

Заев заборави на ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои јасно ги ветуваше пред изборите од пред две години.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект кој што беше реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото пуштање во употреба се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на владата на СДСМ.

Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и
пуштање во употреба.

Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев. Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено.

Граѓаните видоа дека за две години власт на Заев, освен крадење ништо друго не стори. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо.

Граѓаните на Република Македонија ќе го казнат СДСМ за нивните лаги и злодела.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ