„Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со здравјето и животите на граѓаните. Среде епидемија инсистираат на попис од проста причина што тоа за нив не е само статистичка, туку политичка операција. Заради политичкиот пазар на Заев среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата.
Македонија поради нивната неспособност и неодговорност веќе пати. Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради ковид.
Во последните пет земји во светот сме по вакцинација според Блумберг, а во првите три по смртност според Економист. Не успеаа да набават вакцини за имунизација ниту на здравствените работници, а не пак да обезбедат масовна имунизација. Сега, згора на тоа ќе изложуваат на ризик луѓе кои што ќе попишуваат и ќе бидат попишувани само за да го исполнат политичкиот хир и инает на Заев.
Комисијата за заразни болести очигледно е нем послушник на Заев, бидејќи на ваква епидемиолошка слика молчи. Земји кои далеку подобро се справуваат со кризата и кои имаат напредна фаза на имунизација ги одложија планираните пописи, само власта на Заев ќе сее хаос и зарази.Тоа што Заев го нарекува попис во пандемија е потенцијално ширење на смрт“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
