ВМРО-ДПМНЕ: Заев разрешува за пркост, а за криминал унапредува

Од:

„Заев разрешува за пркост, а за криминал унапредува. Заев кој се колнеше во демократија и право на различно размислување, покажа дека е само еден обичен фолирант.

Прв пат кога некој му се спротивстави затоа што од него бара да спроведе неисправна одлука, тој бара разрешување и политичко погубување“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Примерот со односот на Заев со Стојко Пауновски е доказ дека Заев не трпи различно мислење, а не пак аргументирано спротивставување.

Заев е во паника, не знае како да го одржи мафијашкиот систем кој му се распаѓа и затоа се заканува на сите страни.

Ова е матрицата на Заев. Оливер Спасовски на кого му се случија Мафија 1 и 2, во чие време се издавале пасоши на балкански наркобосови е министер, а Стојко Пауновски ќе биде разрешен. Дали ова значи дека првиот работел под негова наредба, а Стојко Пауновски не и затоа се менува?

Дали Заев призна дека сите функционери кои прават криминал, скандали и афери и не се сменети е затоа што работат под негова команда и затоа се привилигирани, а оние кои ќе покажат став ќе бидат сменети?!

Заев на дело го покаже своето вистинско лице“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски