ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни

Од:

„Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти. Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни. Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски.

Република Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, се додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси.

Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ.

Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.
СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. Економијата тоне, а тоа го потврдија и германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички монтирани случаи.

Република Македонија за жал е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата.

Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски