Андоновска: Претепан пациент на Кардиологија, Таравари молчи

Од:

„Резултатот од катастрофалните политики на антиреформската влада на СДС и неспособниот министер за здравство Таравари веќе јавноста го гледа.

Како што известија медиумите пред некој ден во Клиниката за кардиологија се случи невиден скандал, претепан беше пациент, во болничка соба, во болнички кревет.

Хаосот во здравството го чувствуваат пациентите.

Откако го промени директорот на клиниката за кардиологија, реномираниот доктор Сашко Кедев и на негово место го именуваа Беким Поцеста, клиниката за кардиологија од здравствена установа се претвори во дувло за насилстство.

Пациентите со право прашуваат дека во здравствените институции сега освен за своето здравје треба да стравуваа и за својот живот и да не станат жртви на насилници.

Клиниката за Кардиологија, министерството за здравство и Владата на СДС се обидуваат да го заташкаат овој случај и затоа молчат. Ниту има информации, ниту има одговорност од првиот човек на Клиниката, ниту има расчистување на ова срамно дело.

Според добро информирани извори Зоран Заев го премолчува ова скандалозно тепање на пациенти само за да не ја изгуби поддршката од партијата од која доаѓа министерот за здравство Таравари. Очигледно поважна им е власта од тоа што бил претепан еден пациент во болничка соба.

Во здравството допрва ќе се случуваат скандалите. За жал жртви од тоа ќе бидат пациентите. Неспособноста и политикантството влегоа во здравството. Оставката на министерот за здравство Таравари и директорот на клиниката за кардиологија е најмалку што може сега да направат овие уништувачи на здравствениот систем во државата. Одговорнсота за нивните погрешни политики допрва ќе следи. Граѓаните ќе ги казнат на престојните избори и на тој начин ќе го најават крајот на оваа епидемија во здравстениот систем кој секој ден го разорува здравството и грижата за пациентите“, изјави Марија Андоновска.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!