ВМРО-ДПМНЕ: Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот со името

Од:

„Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции.

Зоран Заев со несериозниот пристап ги урива позициите на Македонија во спорот и нанесува огромна штета на националните интереси.

Заев не запира со политиките кои се спротивни на државните и националните интереси, но судовите за тероризам и уривање на уставниот поредок ги гонат оние кои имаат храброст јавно да му се спротивстават.

Повеќе од три месеци, македонски патриоти во конструиран и монтиран политички процес без основ лежат по затворите или во куќен притвор.

Мукоски, Василевски, Чавков и останатите се жртви на власта предводена од СДСМ и се соочени со апсурдно обвинение за тероризам. Ваков монтиран процес во Македонија, во досегашната историја е незабележан.

Ова дело е класична политичка хајка водена од власта и има за цел да ги замолчи сите оние кои не се согласуваат со антидржавните политики на СДСМ и Зоран Заев.

Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери, режисери и доктори се обвинети за тероризам.

Правосудните органи мора да се ослободат од слугувањето на наредбите на власта на СДСМ!

Правосудните органи мора да почнат да делуваат според законите и Уставот на Република Македонија

Правосудството мора да се врати на вистинскиот пат.

Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја секогаш ќе постојат луѓе, патриоти, кои ќе се спротивстават на секоја штетна и антидржавна политика со која се уништува Република Македонија

Со политички затвореници низ затворите во Македонија нема напредок.

Прогонот на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре.

Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски