ВМРО-ДПМНЕ: Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на Груевски за да кулминира хајката врз него

Од:

„Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки.

Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски за да кулминира хајката врз него. Медиумските загари на аболицираниот Заев имаат зелено светло за линч на секој што не се согласува со неговата капитулантска и антимакедонска политика.

Ваква злоупотреба на институциите и медиумите не е видена во ниту една европска држава.

Ваквиот јавен линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран со една единствена цел, а тоа е отстранување на Никола Груевски од јавниот живот и заплашување на сите кои би помислиле да се спротистават на криминалниот картел.

Доколку Секторот за внатрешна контрола при МВР и Народниот правобранител не утврдат кој е режисерот на оваа медиумска хајка и кој ги повикал новинарите, односно им дал информации кога ќе биде упатен тим од потраги во неговиот дом, ќе значи потврда дека станува збор за нарачка токму од аболицираниот Заев.

Ваквото “Кацарска судство” во спрега со полицијата и медиумите е најдобар доказ дека во Македонија се сведоци на политички прогон и за овој скандал ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите меѓународни партнери“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер