ВМРО-ДПМНЕ: Заев мисли дека од опозиција, пратеничкиот имунитет ќе му биде спас од кривичен прогон за криминалот

Од:

„Зоран Заев знае дека ќе изгуби на 12 април и затоа бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, лидерите кои имаат намера да бидат премиер да имаат статус на кандидат мандатар, при што тој што ќе изгуби ќе си замине од политиката и нема да се крие зад пратеничкиот имунитет.

Доколку Заев беше уверен дека има макар и најмала шанса, тој ќе прифатеше“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев бега затоа што мисли дека од опозиција, пратеничкиот имунитет ќе му биде спас од кривичен прогон за криминалот, рекетот и корупцијата што ги прави.

Зоран Заев не прифаќа затоа што ќе треба да си замине од политиката и нема да може да ги тера своите рекет шеми.

Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Мицкоски затоа што нема доблест.

Доаѓа време на одговорни политичари, од народот и за народот. Политиката не како алатка за богатење, туку политиката за помош и развој на државата.

По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски