ВМРО-ДПМНЕ: Заев лета хеликоптер, Николовски се одмора во Дубаи, а за Златко Божиновски, овчарот, кој загуби живот немаше ниту болничко возило

Од:

„Заев лета хеликоптер, Николовски путерот се одмора во Дубаи, а за Златко Божиновски, овчарот, кој загуби живот немаше ниту болничко возило. Оваа власт со сите нејзини претставници е целосно забегана и одлепена од реалноста.

Целиот трулеж на системот исплива на површина. Власта е неспособна и неорганизирана. Луѓе умираат затоа што нема кој да ја организира државната управа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку имаше возило или хеликоптер за Златко Божиновски кој почина откако доктор го носеше 5 часа на раце низ планина, тој денеска можеше да биде жив. Неколку часа порано во болница можеби ќе го спасеа неговиот живот.

И по неговата смрт, институциите си ја префрлаат топката, а Филипче кој не успеа да спаси еден човечки живот, без срам уште ја извршува функцијата министер.

Што треба уште да се случи за Филипче да си даде оставка? Уште колку наши сограѓани треба да умрат? Уште колку? Срамота!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски