ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава

Од:

„СЈО во изминатиов период со сите дејствија само потврди дека е политичко обвинителство, под контрола на СДС.

Сите отворени случаи од страна на СЈО се во целост политички конструкции кои немаат допирна точка со правото.

Настапувањето на СЈО исклучиво е политички и во координација со СДС. Намерата на СЈО е да конструира и монтира случаи единствено против раководството на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе му помогне на СДС да ја дефокусира јавноста од нивните погубни политики во кои Заев се пазари со највисоките државни и национални интереси.

Во недостиг на докази во обвиненијата, очекувано е на копче да се активираат луѓе како Маргарита Цаца Николовска, Ѕвонко Давидовиќ или Јован Трпеновски. Мора некој да излезе со паушални изјави за да креира атмосфера во која судот би требало да ги прифати барањата или обвиненијата на СЈО кои се срам за секој правник. Демек тие биле издржани.

Некој ако ги праша и Николовска, Давидовиќ и Трпеновски дали ги виделе и проучиле предметите, одговорот е не. Од едноставна причина, истрагата што се водеше е тајна. Од каде тогаш овие експерти знаат дали обвиненијата се издржани или не? Дали треба да се прифатат или не? Дали треба да се одредуваат притвори или не?

Не знаат, но исто како и Катица Јанева, мора да глумат дека ги знаат предметите за да може медиумите под контрола на СДС да вршат притисок врз судот.

Не би имало потреба од вакви акробации доколку СЈО постапуваше правно, врз основа на докази а не политички. За жал тие се согласија да го заборават правото, да се стават во политичка функција и да истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи измислени и нарачани од Зоран Заев.

Таргетот на СЈО е само една политичка партија, таргетот се стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Гревот на ВМРО-ДПМНЕ не е криминал, туку затоа што остана со народот, единствен бедем за одбрана на државата.

СЈО е веќе прочитана од граѓаните. Секому му е јасно начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди.

СЈО е мрачна страница на македонското правосудство.

Катица Јанева и нејзините соработници може да се чувствуваат моќни и недопирливи мислејќи дека Заев вечно ќе владее. Реалноста сепак не е таква. Зоран Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за незаконското работење“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања