ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја злоупотребува постапката со европско знаменце за да го краде народот преку зголемување на цената на бензините

Од:

„Заев ја злоупотребува постапката со европско знаменце за да го краде народот преку зголемување на цената на бензините.

Заев сака на мала врата да го протурка кризниот данок од 4.13 денари на секој литар гориво преку користење на таканаречената собраниска постапка со европско знаменце, со што се скратува можноста за дебата во собранието“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев знае дека во редовна постапка ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ја блокира оваа штетна политика која годишно ќе значи 54 милиони евра помалку во џебовите на народот и сметките на фирмите.

Злоупотребата на европското знаменце ја девалвира и самата постапка и нејзината намена, но и е анти ЕУ чекор.

Заев со кризниот данок удира по земјоделците, транспортерите, мелничарите, таксистите, Заев удира по народот.

Повикуваме на разум и Заев да го повлече законот за воведување на кризниот данок.

Исто така напоменуваме дека било кој штетен закон ќе биде ревидиран по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев