ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја става својата политичка кариера пред здравјето на граѓаните

Од:

Зоран Заев продолжува да ја става својата тажна политичка кариера пред здравјето на граѓаните. Заев и натаму се залага за брзи корона избори на кои наместо да броиме гласови ќе ги броиме новозаразените и починати од корона вирус, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Починатите не се само бројка, тие се наши сограѓани со име и презиме. Не може да бидат решение избори на кои здравјето и животот на граѓаните ќе биде доведено во опасност. Фактите говорат дека Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители и за жал на врвот по заболени на еден милион жители. Фактите говорат дека во нашата држава се направени најмал број на тестови во регионот. Додека Заев говори за избори во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот. Граѓаните се свесни кои го загрозува нивното здравје, граѓаните се свесни дека власта уште првиот момент на пандемијата со корона вирусот води политика наместо конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Следува казната за ваквото несовесно однесување на Заев и СДСМ“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски