ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја потценува целокупната фела во Македонија и планира да го именува Обрадовиќ за директор на ЕЛЕМ

Од:

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција на која што го критикуваше изборот на Обрадовиќ за можен директор на ЕЛЕМ.

„Македонија стана тема за потсмев во Србија поради катастрофалните кадровски одлуки кои ги носи Зоран Заев. Сите се прашуваат како е возможно Зоран Заев великодушно да му доделува државјанство и да го планира за директор на ЕЛЕМ, човекот кој бил набркан од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење.

Српските медиуми се прашуваат како е можно човек кој е сменет од челото на ЕПС заради спорна набавка на луксузни возила да добие ангажман во Македонија.

Имено Зоран Заев без тронка срам ја потценува целокупната фела во Македонија и планира да го именува Обрадовиќ, човек кој во сред мерки за штедење набавувал екстремно скапи возила, кој правел промашени тендери со милионски штети, кој неодговорно работел и ангажирал за баснословни хонорари ТВ ѕвезди.

Овие информации за Обрадовиќ ги пишуваат српските медиуми и изгледа сите ги имаат прочитано, освен Зоран Заев. Или уште полошо и тој ги има прочитано но и има проценето дека токму ваков мешетар му треба да ја прво да ја унакази ЕЛЕМ, а потоа да ја продаде како бомбона бизнис. ЕЛЕМ е фирма која управува со хидроцентралите во Република Македонија, фирма која управува со термоцентралите, ветерници, и голем број стопански субјекти, фирма која во себе има вработено 4800 граѓани на Република Македонија. Премногу е сериозно некој да си поигрува со судбината и иднината на оваа фирма.

Овие стравови се оправдани имајќи го во предвид беграундот и на Обрадовиќ, но и на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека еден погрешен кадровски избор како што е Обрадовиќ може да ја урниса најголемата државна фирма ЕЛЕМ која има капитално значење зa Македонија и македонската економија. Оттука бараме Зоран Заев и неговата влада веднаш да се откажат од намерата да ангажираат странец од типот на Обрадовиќ, бидејќи тоа ќе ја доведе во ситуација Македонија да биде тема за потсмев во регионот, а уште пострашно да ја доведе во прашање позицијата на ЕЛЕМ како енергетски столб на Република Македонија“ изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски