ВМРО-ДПМНЕ: Заев излажа за процедурите во Комисијата за избори и именувања

Од:

Како што ги лажеше претставниците на меѓународната заедница дека во Македонија има реформи, како што ги лажеше граѓаните дека ќе работи чесно, така денес Зоран Заев излажа за процедурите во Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот, која се однесуваше на изборот на државен ревизор.

„Во интерес на точно информирање на јавноста, сакаме да предочиме дека, прво СДСМ предложија кандидат кој што не ги исполнува основните законски услови.

Второ после посочувањето за непотполноста на документите на нивниот кандидат, пратениците од неговата коалиција бараа континуирано одложување на изборот на нов главен државен ревизор.

Трето, последен пат пратениците на СДСМ на веќе закажана и отпочната седница за оваа точка бараа одложување пред две недели.

Лицемерни се обидите на Заев да ја префрли одговорноста на друга страна само заради тоа што Комисијата за избори и именување во собранието се спротивстави на незаконските желби и предлози на Зоран Заев.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ