ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари

Од:

„Во Македонија владее медиумски мрак, Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари потврди и „Репортери без граници“.

Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани и за неговиот живот и животот на неговото семејство. Постои сомнеж дека истите се платени и со државни пари, односно одат на работа во владата“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта оди до таму што поткренува и судски случаи против новинари и ги малтретира по судови, такви се случаите со уредниците на Инфомакс и Лидер, кои завршија во ЈО затоа што се охрабриле да истражуваат криминал на власта.

Но заканите, притисоците и насилието на власта не останува незабележано од меѓународниот фактор и меѓународните организации. Извештајот на „Репортери без граници“ во кој констатираат пад на медиумската слобода е доказ дека насилието се следи и нема да помине.

Медиумите кои се на мета на оваа власта, треба да продолжат непристрасно и професионално да си ја вршат својата професија, зошто само така овој хибриден режим ќе падне, а слободата повторно ќе биде право, а не привилегија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски