ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да добијат македонски пасоши и документи

Од:

Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Документите кои дојдоа до нас докажуваат дека Седат Пекер од Турција, кој беше протеран од Македонија, три дена после тоа се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за македонски пасош велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Како влегол повторно Пекер и кој му овозможил да се стекне со пасош на туѓо име, со неговото лице Спасовски и Заев треба веднаш да кажат. Пекер е најголем нарко-бос во Турција и е гонет од турските власти. Со македонска патна исправа се стекнал и Јован Вукотиќ, лидер на Шкаљарскиот клан, чиј извршител во Србија беше Веља Невоља. Врвот на власта му овозможил на газдата на Веља Невоља да се стекне сл. македонски пасош. Тоа е докажано, откако тој бил фатен во Турција со истиот и екстрадиран во Србија, по што е поткрената постапка против него. Вукотиќ е вмешан во трговија со кокаин и друг вид нелегална трговија“ – се вели во соопштенито од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал