ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ би го жртвувале и здравјето на граѓаните само за да го намалат и онака очекуваниот изборен пораз

Од:

„Зоран Заев и СДСМ би го жртвувале и здравјето на граѓаните само за да го намалат и онака очекуваниот изборен пораз.

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и да се случат тие, но здравјето на граѓаните мора да биде пред се.

Заев не го интересира здравјето на граѓаните исто како што не го интересира ни економската состојба на граѓаните и фирмите.

Фирмите се оставени без помош. Пакетот мерки на владата не е достапен за фирмите и не нуди никаква помош“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Стопанството е оставено буквално само на себе.

Вистинските последици од кризата ќе ги видиме овој месец кога ќе бидат уплатени даноците за април, месец кој беше во целост опфатен од кризата.

За да се надминат последиците во економијата, потребна е стратегија, бидејќи за поединечни мерки е предоцна.

ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија. Целосно враќање на рамниот данок и негово постепено намалување до 8% и понатаму е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ за по изборите.

Ќе биде спроведена целосна царинска гилотина, ќе се изгради автопатот од Велес до Битола и понатаму до Меџитлија. Ќе има инвестиции во секое поле за реално заживување и развој на економијата.

Со СДСМ не можеме да мрднеме од мртва точка. Со СДСМ само тонеме“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски