ВМРО-ДПМНЕ: Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики

Од:

„Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики.

Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој заработил 12.000.000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет. Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист.

Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното.

Отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега. Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна. Власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС