ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата, бројот на заразени наближува на 20.000 лица

Од:

„Заев и Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата на КОВИД-19 во Македонија. Бројот на заразени наближува на 20.000 лица, односно 10 пати повеќе од уверувањата на Филипче.

Секој ден имаме троцифрени бројки на заразени, а власта нема ниту план, ниту стратегија, како да ја смири ситуацијата. Неспособноста на Заев и Филипче е причина моментално во Скопје да имаме околу 1.000 активни случаи на болни лица од КОВИД-19.

Преплавен е и остатокот од државата каде имаме над 1.500 активни случаи.

Македонија буквално тоне во зараза. Највиновни за тоа се Зоран Заев и Венко Филипче“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Заев и Филипче немаат капацитет да се справат со коронакризата, ниту на здравствено поле, ниту на економско поле.

На полето на здравството – пациентите се незадоволни, медицински сестри ги напуштаат клиниките, лекарите се револтирани.

На полето на еконосмијата – граѓаните немаат пари, 40.000 останаа без работа, фирмите не добија помош, но затоа добија фирмите на Нина Ангеловска и Зоран Заев.

Македонија со СДСМ само тоне. СДСМ не беше способна да се справи со првиот бран на коронавирус, кој кај нас заради нивната неспособност се уште трае, нема да може ни да се справи со есенскиот бран, кој според кажувањата на експертите може да биде полош и од првиот.

СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче немаат капацитет и треба да понесат одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски