ВМРО-ДПМНЕ: Заев го подели македонското општество како никогаш досега

Од:

„Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија. Аболицираниот Заев единствено го интересираат криминалните тендери и грантови кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници.

СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. Институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и фамилиите блиски до Зоран Заев и Анѓушев живеат подобро од било кога.

ММФ излезе со поразителни податоци дека за прв пат во македонската историја јавниот долг ја помина опасната граница од 50 проценти. Власта упорно ги задолжува граѓаните, а ништо не се гради.

Наместо да го оствари ветувањето за едно општество за сите, Заев го подели македонското општество како никогаш досега. Неуставното носење на законот за јазици додатно ја парализира државата и ќе ја чини Македонија огромни суми на пари.

Договорот со Грција за промена на името е уште еден пораз кој Зоран Заев им го сервира на граѓаните на Република Македонија. Оваа неспособна Влада мора да си замине. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, заслужуваат просперитетна иднина и висок стандард. На црнилата мора да им се стави крај. Затоа Зоран Заев мора да собере храбост и да се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски