ВМРО-ДПМНЕ: Заев го аболицираше Рашковски преку медиумите

Од:

Зоран Заев го аболицираше Драги Рашковски преку медиумите, а судот без поговор изврши. Рашковски е фатен како со народни пари купил сопствен патент. Постојат сомнежи за десетина набавки на софтвер, а индициите за злоупотреби со народни пари се очевидни. Рашковски само неколку дена пред да се отвори истрагата против него го префрли целиот имот на своите малолетни деца велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Индициите за сторен криминал се огромни. Медиумите објавија и докази, а Заев упорно го брани својот другар Рашковски, и во изјава за медиуми од позиција на премиер изврши притисок врз правосудните инстанци. Криминалите на Рашковски, како и тие на Заев се документирани. Циркузот кратко ќе трае, а ќе дојде време за одговорност, и тогаш нема да биде Заев во позиција да влијае врз судството. Рашковски ќе треба да објасни се, па дури и како дошол до гаранцијата од половина милион евра се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?