ВМРО-ДПМНЕ: Заев е скаран со зборот инвестиција, тој е синоним за корумпиран неработник

Од:

„Република Србија го заврши коридорот 10 низ најтешката траса долж истиот, а Зоран Заев во Владичин Хан се радува на успешните потфати на нашите соседи.

Очекувано е секој возач и патник кој што ќе го користи коридорот 10 да се радува на новото автопатско решение, но Заев е премиер и зема плата од граѓаните на Македонија не само да се радува на туѓите успеси туку и да сработи нешто за кое што е платен.

Додека во соседството пуштаат автопати, Заев една година не може да го пушти готовиот автопат Скопје – Штип, кој беше завршен од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

На Заев му требаа месеци за да договори трубачи и да го пушти завршениот автопат Демир Капија – Смоквица, направен во време на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од Заев лидерите на земјите од регионот забрзано работат за нивните граѓани и држави.

Работата е непознат поим за Заев. Тој не ја практикува дома, затоа и оди во странство да види како изгледа ефектот од истата.

Заев е скаран со зборот инвестиција. Тој и неговата неспособна влада за првите три месеци оваа година реализираа само 6% од годишно предвидените капитални инвестиции.

Зоран Заев за разлика од лидерите на другите држави во регионот и Европа е синоним за корумпиран неработник и неспособен.

Државата само тоне со Заев, затоа и треба да си замине. Граѓаните ја чекаат металата на Заев, која ќе го измете него и целата негова влада“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее