ВМРО-ДПМНЕ: Заев до вечер да каже што преговара тајно во Софија, во спротивно утре ја блокираме Владата и МНР

Од:

„Го повикуваме премиерот во заминување Зоран Заев јавно да објави пред македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата Македонска држава. Дали искажаните позиции за кој не се
извини сега се на маса за пазарење со Бугарија?

Доколку Заев јавно не излезе до вечер за што точно преговара и од што точно се откажува ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и Министерството за надворешни работи,“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците