ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се извини за лагите за „Монструм“

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа извинување од премиерот Зоран Заев за случувањата во случајот „Монструм“.

„Монструмот Заев да се извини за лагите за „Монструм“. Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за „Монструм“ и дека други се убијците“, стои во соопштението од оваа партија.

Спореде ВМРО-ДПМНЕ, Заев ја злоупотребил трагедијата на убиените, за како што велат, “политичка корист и нижење на политички поени“.

„Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација. Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше. Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини. Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал ќе си даде оставка веднаш“, истакнуваат од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски