ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже што договорил во Софија

Од:

Зоран Заев станува сериозен ризик по македонските национални интереси и најомилената фигура меѓу сите националисти кои се натпреваруваат во анти-македонските ставови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до медиумите.

– Зоран Заев ја води македонската влада и му должи образложение на македонскиот народ каде го видел национализмот и омразата во однесувањето на Македонија па сега тој одлучил да сврти нова страница?, се вели во соопштението

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев за дводневна посета во Бугарија удрил жестоко по македонската држава. – Божидар Димитров, директор на Бугарскиот Национален Историски Музеј, по повод посетата на Заев изјави дека мислел нема да го доживее денот кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје, а тоа е Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто. Истиот Димитров најави дека со потпишување и реализирање на договорот се става крај на македонизмот и Македонија се претвора во втора бугарска држава. Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Зар македонската историја нема значење на Зоран Заев, па реши да изјави дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија. – Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот која што Заев се согласил да ја потпише. СДС не е опозиција и треба да му одговори на македонскиот народ околу дилемите кои го вознемируваат по дводневната посета во Бугарија на Зоран Заев, се неведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски