ВМРО-ДПМНЕ: Забеганоста Заев до плафон, Владата ја користи како партиска канцеларија, партиски состаноци на државна сметка

Од:

„Вистински скандал е што вчера во владата Зоран Заев направи партиски состанок со лидерите од својата коалиција „Можеме“ платен на државна сметка.

Дополнително државните ресурси ги стави на располагање за партиските потреби одржувајќи состанок со лидерите на партиите од неговата коалиција. За настанот лидерите на самите партии преку своите ФБ профили известија дека се работи за коалицијата „Можеме“, а објектот е владата кој им припаѓа на сите граѓани“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Што значи дека Заев приреди во време на изборен молк, партиски состанок на државна сметка. Оттука нема друг премиер во Европа каде партијата ја поистоветува со државата.

Заев, Владата ја претвори во партиско дувло. Дали во СДСМ има корона кластер па сега тој го префрла во просториите на владата? Каде има на друго место на владин трошок да се прават партиски состаноци? И од Владата треба да одговорат колку ги чинеше граѓаните оваа партиска журка? За самиот настан беше информирана јавноста преку владиниот маил што укажува на забеганоста на монархот Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски