ВМРО-ДПМНЕ: За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема

Од:

СДСМ и ДУИ бегаат од темата за трагедијата со модуларната болница. Се обидуваат да ја игнорираат, да дефокусираат, да блокираат собраниска расправа. За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема. Со еден збор Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ се однесуваат индолентно и неодговорно како да се работи за пожар на летна тераса од ресторан, а не модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти велат во соопштени од ВМРО-ДПМНЕ.

– Власта бега од јавноста и дебатата затоа што ќе треба да даде одговори како е можно цел објект да изгори за 3 минути, зошто во тендерската постапка не се внимавало на огноотпорноста на материјалите од кои е градена, зошто немало противпожарни апарати и системи за заштита, зошто немало надзор, технички прием и градежна дозвола. Сите овие прашања власта е должна да ги одговори, но таа бега. Бега затоа што ќе мора некој да сноси и одговорност, прво морална, па потоа и кривична. Да имаа грам доблест Филипче и останатите ќе поднесеа оставки од морални причини, но тоа што после 17 дена нема ништо, отвора сомнеж дека тие останаа на функциите за да прикријат докази, да влијаат на сведоци или да влијаат на истрагата. Народот будно ги следи и нема да дозволи ниту еден одговорен да се извлече без санкција. Може да бегаат, но одговорноста ќе ги стаса, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче